Подобро да не се сакавме никогаш
Се гледав во огледало во усните црвени како црешни и бледилото кое ми го освоило лицето. Ја видов болката која демне и чека да ме скрши, пак. Се разоружав наместо да се наоружам, едноставно се предадов. Чуму тие битки кога и тие удари кои ги задавам, мене ме болат?
Јас не бев секогаш ваква, бев подобра, бев полоша, но никогаш ваква. Бев победник, бев губитник, сега сум чиста болка. Луѓето те повредуваат, понекогаш жалат понекогаш не, но тие и љубат. Тоа всушност е она кое боли, кога некој те љубел, но повеќе не. Подобро да не ме сакаше никогаш отколку да не ме сакаш сега, подобро да не те сакав никогаш...
Разделбите секогаш сум ги мразела поради непредвидливоста на секој момент кој доаѓа и изминува. Луѓето не сфаќаат, не можат да сфатат дека секој здив може да им биде последен, секое затварање на очите да им биде последно, секоја насмевка или солза, сеедно. Тие се повредуваат, а потоа жалат.
Зошто да не се сакаме? Ќе најдам подобар од тебе, ќе најдеш подобра од мене ама до тогаш зошто да не се сакаме? И што ако утре ме нема? Чуму солзите за мене кога моите солзи биле од тебе? Подобро.. подобро да не се сакавме никогаш.