Овој роденден јас заминувам
Овој роденден ќе ти одекнуваат напишани зборови во главата. Овој роденден си без мене.
Пораснавме и созреавме заедно, сега секој низ животот сам. Јас останав сама оддамна, ти оддамна замина од мене, јас го пишувам крајот и си одам.
Те сакав можеби не доволно, се сакав многу премалку. Не заслужувам ваква, ако смеам да речам, љубов. Ниту ти заслужуваш дел од мене.
Па, тоа е тоа. Нема потреба веќе да се зборува, сега ќе го продолжам молкот кој ти го започна. Ќе заминам тивко затоа што секогаш бев тука бурно, гласно и динамично.
Ширам крилја љубов моја, ќе одлетам на друга планета, а ти биди добар. Впрочем знам дека ќе бидеш.
Збогум.