***

Published on 02/04,2020

Полна сум недостатоци. Како сирење глодано од глувци и стаорци, дупки и пукнатини по кожата, внатре во душата. Секоја дупка има свое име. Една го носи моето, една го носи неговото, една ја крстив по нејзиното, една се отвара поради твоето.
Ти си човек кој има се што мразам. Ти си женкар, ти си кловн, ти си лицемер и лажго, ненаситен и себичен. Ти ја носиш секоја особина која ја огрдува човековата убавина. Ти си само една убава грдотија и гнасотија.
Јас сум гад, човек - гад. Многу добро паметам, скоро никогаш не простувам и секогаш се одмаздувам. Јас верувам во тоа дека сите сме исти и како што ме здоболело мене од тебе, така ќе те здоболи и тебе од мене. Тој избор тежи многу и тежи непрекинато и изморува, истоштува ама не давам прошка без повраток.
Омраза ме совладува, омраза према тебе. Ја нагризува љубовта која некогаш ја чувствував, надежта која некогаш вирееше во мене. Се убедував самата себе си дека конечно нешто добро се случува во мојот живот и дека ти ќе бидеш она мое "засекогаш", но погрешив. Ме потцени, ме подгази, си поигра и повторно на старо се враќаш, а не сфаќаш дека назад повеќе за тебе нема. Назад тебе повеќе ништо не те чека, тебе повеќе ништо нема да ти биде дадено, но се ќе ти биде запленето, срцето ќе ти биде одземено и згазено.
Денес е недела, денот со сончев зрак е гален, па што ако е февруари? Уште два дена и треба да се прослави нашата годишнина и ќе се прослави и ќе се налее вино и ќе гледам во шанкерот, во келнерот, во дечкото две маси преку мене и ќе наздравиме. ЖИВЕЛИ! За уште еден крај во мојот живот, за новиот почеток. 


Comments

Leave a Reply

Додај коментар





Запамти ме