Кој кому вирус е?

Published on 04/06,2021

Проклетство како современ жиг на сегашното општество. Животот го разболевме, буквално. Незаситени од гламурот на доброто здравје, жедни за се она што го немаме - несвесни за неговата излишност, ја извалкавме единствената вистинска среќа - слободата. Сега превезот симнат од очи ни ги покрива носот и усните и сега гледаме како е да го дишиме отровот на сопственото тело и како тоа да не е доволно изопачено, нашите познаници, пријатели, нашите сакани умираат. Го разболевме животот. Имавме се, можевме да вдишиме длабоко и да го апсорбираме секој момент од денот, во кафуле, во парк, во домот без да бидеме броени, без да бидеме тестирани. Можевме да скитаме по цели ноќи, да ни чкрипат гласните жици од пеењето до зори, можевме да се прегрнеме, да се љубиме, по ѓаволите - можевме да се вљубиме! Сега кога животот е болен од премногу пари, од премногу злоба, од некому премногу дадена моќ, ние сме за него вирус, а тој се лечи, се чисти. Успеавме да го разболеме животот и казнети, по втор пат, пролетта да ја гледаме низ прозор. 


Comments

Leave a Reply

Додај коментар





Запамти ме