Каде брзаш
Published on 11/21,2019
Каде брзаш?
И утре ќе изгрее сонцето
И ќе го обели денот
Како денес
И утре ќе изгрее месечината
И ќе ја осветли ноќта
Како денес.
Каде брзаш?
Секое утре е исто како денес
Исто како вчера
И откако ќе умреш
Утрето ќе изгрее сонцето
И ќе го обели денот
Утрето ќе изгрее месечината
И ќе ја осветли ноќта
И ќе биде се исто како денес
Исто како вчера.
Каде брзаш?