Па тогаш смрт!
Published on 09/21,2015
Не можам да погледнам кон небото
ме печат очите
од солзите.
Не ти давам да ми ја допреш душата
ме болат раните,
од спомените.
Не и давам на среќата засолниште
поради тагата,
не заминува.
Не давам шанса да ме запознаеш
Боли многу
лагата.
Па тогаш смрт!
Нека ме погали,
нека ме допре,
нека ме одведе,
нека ме земе,
на друг не давам,
на себе не смеам.
на себе не смеам.