Оваа Нова Година 2012
Published on 01/01,2015
Оваа Нова Година сакав сама да бидам
да се дотерам како за тебе
и на шанк пијана да заспијам
да ми бледнее ликот твој
да те заборавам
да те удавам во сите коктели
што не сум ги пробала
да те удавам во солзите на празнотијата.
Оваа Нова Година, не и се радувам
зошто знам ќе живеам повторно во неа
како во изминативе две
и по трет пат ќе си ја честитам 2012
зашто таму останав.
Оваа Нова Година ќе ја плукнам и ќе заплачам
ќе заплачам од мака и празнотија
ќе заплачам од мака и самотија
и ќе ги пијам со поглед неговите усни
и ќе ме убие чувството на вина ноќта
и ќе заспијам сама, немоќна.