Премногу нечовечност, премалку љубов

Published on 12/16,2014

Не, па нема врска што деновиве ми се како нагло вртење на остра кривина, и не е важно што ми доаѓа да се пикнам во дупката на зајакот од „Алиса во земјата на чудата“, и не е важно.. ма остави, ништо не е важно. Важно е само другите да се среќни и задоволни, а јас, па јас ќе успеам нели. Ќе испливам на површината колку воздух да земам, и ќе се повлечам во длабочините. Ќе набљудувам, а никогаш не сум знаела да го правам тоа. Секогаш сум била во центарот на самото торнадо гледајќи во отворениот небесен свод додека се околу мене се распаѓа, многу животи, многу спомени, и остануваат многу тажни судбини. Секогаш сум одбирала страна, моја страна. Ниту едните, ниту другите. Ничии недостатоци не сум можела да поднесам, да им удрам печат и да ги пуштам понатака во низата на грешници затоа што јас дадов многу од себе, а тие? Тие ништо не дадоа, не го дадоа ни тоа што воопшто не беше нивно, тие само лакомо грабаа и постојано се жалеа дека губат. Ќе се повлечам во длабочините молчејќи за прв пат и ќе останам таму, таму со таа моја тишина која дава толку многу ама за тие што знаат да ја слушаат. Можеби некогаш и ќе го променам светот, а можеби и ќе се задоволам со промената на поединци кои во себе ги носат урнатините и бучавата од цел еден свет! 
Трудете се да бидете подобри, за полоши нема потреба да се трудите - тоа станувате! 


Comments

Leave a Reply

Додај коментар





Запамти ме