Не сакам да знам
Published on 07/06,2019
Не сакам да знам.
Не сакам да знам кој ден е,
и онака само еден е.
Не сакам да знам кој месец е,
и онака само име е.
Не сакам да знам која година е,
и онака истата ја живеам од раѓање.
Не сакам да знам чии гласови се,
и онака викотници се.
Не сакам да знам дали утре ќе се разбудам,
и онака само сонувам.
Не сакам да знам,
и онака џабе постојам.