Let it be :)
Published on 08/06,2014
И така е тоа, денес не има утре не нема. Ма не, не е се така црно, барем ќе недостасуваме кога ќе исчезнеме или барем не имало некогаш. Како и да е, ќе им недостасуваме на сите оние наши места, на целиот град, на луѓето кои постојано не гледале заедно, на спомените кои ќе се трудиме да ги заборавиме а не да ги оживееме. Ќе недостасуваш ти покрај мене, ќе недостасувам јас покрај тебе, и ќе се сакаме повеќе од вчера, повеќе од денес, повеќе од утре! И кој знае, можеби нашата љубов е за на друга планета, во некоја друга вселена.