Насмевка
Тишина... надвор под нулата, исто како во нејзиното срце, а сепак насмевка. Поглед благ насочен кон маглата која одбива да замине, поглед задлабочен во перфектното непровидно сивило. Косата растурена, кому му е грижа за тоа? И онака таа несреденост ја прави повеќе привлечна. Крв црвен кармин и ги нагласува полните усни... насмевка. Се што се случи тогаш, кога го остави, упорно ја прогонуваше не давајќи и мир и спокој, тој избор, тој ден, тој крај па сепак - насмевка. Болката и стана животен сопатник, кожа која крвареше, пријател со кого плачеше, спомен кој не умираше, трофеј кој си го додели сама на себе и тажна песна која ја пееше – секогаш со насмевка!