Мртов живот
Во еден момент го освојуваш светот, а во другиот веќе вресокот ги го задушува перницата. Во еден момент чиниш не ти треба никој, а во другиот те гуши осаменост.
Порано мислев добро е, додека има луѓе добро е, потоа мислев да ги одбирам подобро е. Тие што останаа не им давам минута од мојот ден, тие продолжија, а јас продолжив да заостанувам. Мојата комфорна зона, мојата и неговата соба и само нашите срцебиена некогаш беа доволни, сега ми се само утеха од самотијата. Ги избуткав сите, го учев да стане како мене - сам човек ама никогаш не мислев дека ќе останеме само ние двајца.
Им ги одземам луѓето на луѓето, си ги одземав и од себе ама како да си помогнам, како да се прелажам, како да се утешам? Како да му речам оди оти сам ќе самуваш, подобро без мене отколку само мене да ме имаш. И лош живот е подобар од мртов живот, а мојов умре одамна.