Дојди ми

Кога ноќта е најцрна
Разговарам со тебе
Те замислувам како ѕвезда
И ти се обраќам на тебе
Секогаш кога споменот на тебе
Ми прелетува пред очи
Насмевка развлекувам
И солзи навираат
И се надевам дека небото е црно само од долу
Се надевам таму горе кај тебе денот царува
Ти тоа го заслужи после твојата црна судбина
Па кога ноќта е најцрна
Разговарам со тебе
Не си заборавена
Недостигот не стивнува
И сакам на сон да ми дојдеш
Да те видам, не само да се сеќавам
Кога ноќта е најцрна
На сон дојди ми
Таму можам и да те прегрнам.


Бакни ме

Бакни ме како да сум ти прва
Во бестрага
Бакни ме како да сум ти последна
Бакни ме и речи збогум
Крајот наш е неизбежен
Само бакни ме како на почеток
Бакни ме и не престанувај
Нека застане времето
Нека застане светот
Нека застанат реките
Нека застане животот
Само ти не престанувај
Секој крај на крајот доаѓа нели
Дојде нашиот и без бакнежот наш
Но сепак бакни ме
Нека биде крај за паметење
И се нека оди бестрага.