Јас и ти

Јас и ти совршено се разбираме Со поглед Со молк Со насмевка Јас и ти совршено се разбираме Со збор Со кавга Со шамар Јас и ти совршено се разбираме Со солзи Со плач Со лелек Јас и ти совршено се разбираме Со бакнеж најчесто Со допир најмногу Со љубов бескрајно


МИЗЕРИЈА

Мислиш светот на плеќи ти легнал
Изобилије неправда, нечовечност
Те забораваат откако ќе те искористат
Егзистенција, каква?
Рани со потпис од најмилите
Извини, си велам, знам дека боли, извини
Јачиш бол чиниш лав рика, но во себе
А од утре, од почеток.