Нема да имаш кај кого да се вратиш

Не заминувај, 
ако заминеш
не се враќај,
мене ќе ме нема.
Нема да има кај кого да се вратиш,
јас нема да те чекам,
мене ме чека светот,
мене ме чека животот.
Јас немам време за чекање,
јас немам солзи за плачење,
јас немам ноќи за тагата,
јас немам слух за лагата,
јас имам надеж
и гради полни утре,
ќе најдам и љубов
за душа полна нежност
а ти ако заминуваш, замини
и повеќе не се враќај
затоа што мене ќе ме нема
нема да имаш кај кого да се вратиш.