Те чекам!

Еве ме пак, ви недостигав? Не, исто и на него. Проклето чекање, проклето (не)трпение. Сакам кога сакам, ме прави човек иако скршен од болка и прибран од љубов ама сепак човек. Умешно се прикрадувам низ сечии мисли освен низ неговите. Колку се топам во чувства, а не дозволувам ниедно да се излее низ поглед, толку повеќе ме пече топлината однатре. Мразам кога заминува, се плашам дека е засекогаш, се плашам дека е збогум засекогаш. Мразам разделби можеби и затоа толку често ме снаоѓаат. Проклетство! Не заминувај или земи ме со себе!!! 
А јас секогаш ќе чекам, така ми е запишано. Како секој пат, така и овој пат те чекам! 


Јас умрев

  Повеќе ме плаши животот после тебе отколку животот после смртта. Не можам да бидам сама, а сепак сум. Сама, и без тебе и без себе. Лебдам некаде меѓу просторот и полека се ронам, чекам да исчезнам.

          Се прашувам „што се случи со мене?“, заминав од самата себе, се оставив, се заборавив. Туѓа рака ми шкртка низ судбината и ми црта солзи на образите, а јас се смеам. Веќе е јасно, веќе на сите им е јасно, јас не постојам, ЈАС УМРЕВ.

Ми дофрлуваат некоја насмевка од сожалување и збор за утеха за на крај да ми фрлат една рака земја, пред закопот. ЈАС УМРЕВ...

          Од мојата болка можеби не знаев да ги насмевнам, но секогаш ги прегрнував и долго ги држев в прегратки собираќи ги нивните солзи со мојата душа како со сув сунѓер. Жал ми е, жал ми е, но најмногу за себе.

          И нормално ќе се насмевнам затоа што така морам да умрам. Ќе се насмевнам и ќе ми се насмевнете вие, онака скришно, затоа што нема да ви биде за верување та да не ве направат луди. Ќе се насмевнам, ќе ми се насмевнете и ќе умрам, а вие чувајте ме затоа што јас не се изборев со себе. Јас не заслужив да живеам, ЈАС УМРЕВ!

 


Заминувам

Заминувам,
тука сум, но веќе одамна патувам
покај прозорец седната
покрај прозорец заспана
покрај прозорец карпи сурови.
Сега низ прозорец сонце продира
билет со солзите купив
чувствата на перница ги оставив 
во лепршаво фустанче заминав, но останав.
Тука сум, но веќе одамна патувам
само „збогум“ останува да изустам
само „збогум“ и да исчезнам..